Ердал Ракип: Македонија е земјата на моето семејство, не се двоумев воопшто

1295
Македонсата фудбалска репрезентација во овие моменти полетува на двочасовен чартер лет за Лихтенштајн каде што на 8. октомври го игра квалификацискиот дуел против домаќинот. Ние сме фаворити, тоа мора да го покажеме на терен и бараме прва победа со новиот селектор Благоја Милевски. Во тоа ќе ни помогне и новитетот во дресот на Македонија, Ердал Ракип, играчот на Малме, кој за прв пат се појави во националниот дрес на нашата земја, откако од ФИФА доби дозвола да ги промени државните бои.
„За мене е голема чест што добив понуда да играм за репрезентацијата на Македонија. Разговаравме со моето семејство и среќен сум што ќе играм во дресот на македонската репрезентација. Македонија е домот за моето семејство и одлуката сега воопшто не беше тешка“ – изјави Ракип па додаде.
 „Оваа селекција игра добар фудбал, во тимот има многу млади фудбалери кои формираат одлична екипа. Јас имам 25 години, сметам дека веќе сум во зрели фудбалски години и мислам дека во следните неколку години ќе напредуваме. Се обидувам да се вклопам во тимот, но без наметнување, туку улогата да си дојде сама по себе“. – додава играчот на Малме, кој во минатото има десетици настапи за младинските селекции на Шведска.
ПретходноНојер на тренинг, во комбинација за мечот со Македонија
СледноСе најдоа Македонци и на Фарските острови, Борче Марковски ја посети У21 репрезентацијата