Лоши вести доаѓаат од Унгарија. Македонското репрезентативно крило, Дејан Манасков, се здобил со сериозна повреда на еден од последните настапи за екипата на Веспрем.
За жал, тестовите извршени следниот ден го потврдија она од што лекарите и стравуваа. Манасков има скинати предни вкрстени лигаменти, плус повреда на страничните вкрстени лигаменти и ‘рскавицата, па во следниот период го ќека операција и долга пауза.
Засега нема се уште термин за операција, но еден од клучните ракометари на Веспрем и нашата репрезентација според видот на повредата го чека најмалку 6 месечна пауза од терените. Тоа е голем пех и за нашата репрезентација пред настапот на ЕП на почетокот на следната година.