Вест на денот на Островот е дека сега веќе нема никакви пречки пребогатиот шеик од Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, да го купи Њукасл. Да потсетиме дека пред нешто повеќе од една година, актуелно беше купувањето на клубот од Премиер-лигата од страна на веројатно најбогатиот човек во светот.
Сепак до договор не дојде, и тоа на големо разочарување на фановите на Њукасл, и тоа поради одредени законски недоследности. Сепак, како што се известува од Островот, проблемот е решен а тоа е да нема веќе незаконско или илегално пренесување на натпревари на Премиер-лигата во Саудиска Арабија. Договорот за ТВ правата е склучен и сега конечно шеикот ќе може за 300 милиони фунти да го купи Њукасл од Мајк Ешли.
Веќе се шпекулира дека прв потег на Бин Салман е ангажманот на Антонио Конте за стратег на тој иден мега – тим кој се подготвува.
Во секој случај ќе биде интересно на трансфер – пазарот следното лето, ако не и оваа зима.