Македонскиот репрезентативец, Андреј Магдевски блеска во дресот на Плоешти. Оваа сезона дефинитивно ја почна неверојатно, не само што е на врвот на листата во романскиот шампионат, бројки зад неговото име се перфектни.
Во победа број два на Плошети запиша трипл-дабл. Неговиот тим славеше против Рапид Букурешт со убедливи 85-61, а Магдевски постигна 13 поени, 10 скока и 13 асистенции за 30. минути во игра.
И не е само ова, тој е втор стрелец во редовите на својот тим, на одличниот учинок додаде уште еден скок.
За Плоешти ова е втора победа во низа во исто толку одиграни натпревари во романското првенство.