Нури Шахин стана играч-тренер на турскиот суперлигаш Анталијаспор

155

Некогашната голема надеж на турскиот фудбал и поранешен играч на Борусија (Д) и Реал (М), Нури Шахин, е именуван да биде играч-тренер во турскиот Суперлигаш Анталијаспор. Синоќа клубот објави дека 33-годишниот Шахин кој игра во Анталијаспор од минатата година, ќе ја преземе и тренерската работа во клубот.

Оваа одлука беше донесена по оставката на Ерсун Јанал, при чие водство клубот извојува само две победи во турската Супер лига и моментно се наоѓа на 14 -то место.

ПретходноЛоши вести од Унгарија: Манасков ги скинал вкрстените лигаменти, го чека операција и долга пауза!
СледноЃорѓиевски: Сконцентрирано и одговорно до прва квалификациска победа