За два дена две шокантни интервјуа на семејството Мбапе во француските медиуми. Прво Килијан, фудбалерот на ПСЖ кажа дека летоска имал само една цел, а таа е да замине во Мадрид и да го облече дресот на Реал Мадрид.
Ден после ова интервју, свој коментар имаше и мајката на Мбапе, Фајза Ламари која воедно е вклучена во преговорите околу продолжување на кариерата на својот син.
“Во моментов преговараме со ПСЖ и тие преговори течат во добра насока. Дури синоќа разговарав со Леонардо, дали постигнавме договор? Една работа е сигурна – Килијан ќе стори се да ја освои Лигата на Шампионите со ПСЖ. Мојот син мора да се чувствува важен и задоволен“ истакна неговата мајка.
Овие нејзини зборови шокатно делуваа во Реал Мадрид, имено “кралевите“ веќе не се така сигурно дека Мбапе и ПСЖ нема да постигнат договор.