Англиската Премиер лига го одби барањето на Ливерпул за промена на терминот на мечот со Ватфорд кој треба да се одигра следната сабота во 13.30 часот. Ливерпул бараше промена на терминот поради тоа што голем број на фудбалери ќе бидат во Јужна Америка и според протоколите тешко дека ќе успеат навреме да се вратат во Британија.
Алисон Бекер, Роберто Фирмино и Фабињо ќе бидат дел од репрезентацијата на Бразил која на 15 октомври има меч со Уругвај и тешко дека ќе успеат да се вратат за мечот кој се игра веќе следниот ден.
Обидот на „црвените“ да ја презакажат средбата е одбиен, па Клоп ќе мора да бара решение за отсуството на оваа тројка.