Се најдоа Македонци и на Фарските острови, Борче Марковски ја посети У21 репрезентацијата

1419

Македонската фудбалска репрезентација до 21. година во моментов се наоѓа на гостување кај Фарските острови. Мечот од квалификациите е закажан за утре од 15:00 часот, а нашиот национален тим претпладнето го искористи за да направи мала прошетка на прекрасниот стров.

А таму, што да види. Македонци среде Фарски Острови, и тоа не било кој туку Македонскиот интернационален ракометен тренер Борче Марковски кој веќе извесен период живее и работи во оваа далеќна земја.

„Секако дека е убаво кога на вака оддалечено место од Македонија ќе сретнеш наши луѓе. Тренерот Марковски ни посака многу среќа на утрешниот меч и рече дека секако ќе навива за нас“ – ни изјавија од У21 репрезентативниот табор.

 

ПретходноЕрдал Ракип: Македонија е земјата на моето семејство, не се двоумев воопшто
СледноМагдебург во полуфиналето од Супер глоб турнирот