Стигнаа добри вести за навивачите на Јувентус

223

Јувентус после четири кола во Серија А се наоѓаше во опасната зона, на 18. место на табелата со два освоени бода.

Но, победите во претходните три кола го дигнаа тимот на табелата, па момците на Макс Алегри успеаја да слават на четири меча во низа во сите натпреварувања, вклучувајќи ја победата во Лига на шампиони над Челзи.

Лошите резултати на стартот на сезоната ги диктираа и повредите, еден од оние играчи на кои Алегри не можеше да смета е Дибала.

Аргентинецот одлично се опоравува од повредата, па наскоро се очекува да се врати на теренот. Секако ова се одлични вести за фановите. Според италијанските медиуми тој ќе биде подготвен за дуелот со Рома, веднаш по репрезентативната пауза.

Натпреварот меѓу Јувентус и Рома е закажан за 17. октомври.

ПретходноКонечно и Италија на “колена“, Шпанија во финалето во Лигата на Нации, спектакл на “Сан Сиро“!
СледноМанчини: Поразот од Шпанија ќе не направи посилни