Сензација во Купот на Германија. Големиот фаворит, Фленсбург не успеа да обезбеди место во осминафиналето, откако Ерланген го совлада со 29-26. Со овој пораз, Фленсбург стави крај на една убава серија, после 15 години нема да се најде меѓу најдобрите 16 екипи во националниот Куп.
Место во следната рунда обезбеди и третиот македонски репрезентативец. Филип Миркуловски и Вецлар ја оправдаа фаворитската улога против Ајзенах, беа подобри со 29-25.
Нашиот репрезентативец не успеа да се запише во листата на стрелци. Вчера во осминафиналето место заверија Жарко Пешевски и Филип Кузмановски.
ФОТО: Фленсбург