Репрезентацијата на Франција вечерва против Белгија се бори за место во финалето на Лигата на нации, а младиот голгетер на ПСЖ, Килијан Мбапе испиша нова страница од репрезентацијата на „Галските петли“.
Мбапе со настапот на вечерашниот меч во Торино стана најмладиот играч кој одиграл 50 натпревари за репрезентацијата со неполни 23 години. Мбапе денеска има точно 22 години и 291 ден.
Тој го собори рекордот поставен од неговиот соиграч во репрезентацијата, Карим Бензема, кој 50-тиот меч за Франција го одигра на 24 години и 240 дена.