Македонската ракометна женска репрезентација е поразена на првиот меч против Црна Гора со убедливи 21-29 во рамките на ЕХФ Купот.
Предводникот на нашиот најдобар национален тим, Љубомир Савевски направи промени во составот, кој во иднина треба да вродат плод, но кој дефинитивно ќе треба да работи многу за да го достигне посакуваното ниво.
Нашите ракометарки имаа лош старт, првиот гол го постигнаа по 10:30 минути игра за 1-3. Се разбудивме целосно во 14. минута, со серија од 3-0 израмнивме на 5-5, одбраната ја зацврсти ме. Држевме темпо, но по последните 7-7, Црна Гора одново дојде на плус четири (7-11), негатива која ја имавме на одморот (9-13).
Второто полувреме по 10-14, одбраната донесе нова неизвесност, бевме на негатива од еден гол до 38 минутa. Нов пад во дефанзивата ги урна нашите надежи дека можеме да ја добиеме Црна Гора. Ристовска промаши седмерец, а гостинските за првпат дојдоа на шест пет (17-23) во 47. минута, а потоа со 20-27.
Не успеавме да се вратиме, шанса за поправен ќе бараме на реваншот, кој се игра за три дена во Црна Гора.
Со 6 постигнати гола во нашата селекција најефикасна беше Сара Ристовска, додека Гичевска постигна 5, а Јанеска 4 гола. Кај Црна Гора најпрецизна беше Итана Грбиќ со 10 погодока.