Рекордерот на Ла Лига открива: Моите родители боси ја минаа Сахара за да стигнат во Шпанија

651

Фудбалерот на Атлетик Билбао, Инаки Вилијамс минатиот викенд запиша неверојатен рекорд во Ла Лига. На дуелот против Алавес постана првиот играч кој настапил за својот тим на 203 меча во низа, нема пропуштено ниту една средба од 2016 година.

„Лекарите рекоа дека е невозможно да се повторни вакво нешто, особено сега, кога имаме мечеви на секои секои три дена. Ќе излажам ако речам дека не сум играл повреден. Играв под инјекции и лекови, секогаш кога му бев потребен на тимот, во последните две години, во последните недели од сезоните влегував со четири жолти картони. Петиот носи суспензија, во такви ситуации повеќе не ги удирам противниците“, изјави Вилијамс.

Тој е дете на имигранти од Гана, роден е во Билбао. За „Гардијан“, ја раскажа својата животна приказната.

„Кога мојата мајка ми ја раскажа приказната бев шокиран. Она што го преживеале моите родители е како на филм.  На вестите, гледав чамци кои доаѓаа од Африка, луѓе кои се качуваа на оградата во Мелила, и сфатив дека не знам како дојдовме во Шпанија. Мајка ми не сакаше да ми го каже тоа кога бев дете. Јас знаев дека мојот живот е различен од животот на моите пријатели, но кога ќе ги слушнете деталите…Не знаев дека пешки ја поминале пустината. Знаев дека татко ми има проблеми со стапалото, но не знаев дека тоа е затоа што Сахара ја минал бос на 40-50 степени“.

Родителите на Ињаки Вилијамс, во Шпанија влегле преку Мелила, шпанска енклава во Мароко.

„Дел од патот минале со камион со уште 40 други луѓе, а потоа со денови пешачеле. Некои се откажале, некои умреле на тој пат. Било опасно, разбојници имало на секој чекор. Трговци со луѓе добиваат пари и на пола пат ги исфрлаат луѓето, ги остават без ништо, без вода и храна. Луѓето кога ќе тргнат на таков пат не знаат што ги чека. Да знаеле дека е така мојата мајка немало да тргне на тој пат. Не знаеле дека е бремена. Во Мелила ја прескокнале оградата, но ги фатиле. Во затворот, адвокат од Каратас ги советувал да кажат дека се од земја во која се води војна. Ги искинале документите од Гана и рекле дека доаѓаат од Либерија и побарале политички азил. Благодарение на тој адвокат ние сме во Билбао“, раскажал Вилијамс.

ПретходноЛошо…. губиме од Фарски острови на полувреме (ВИДЕО)
Следно“Гардијан“: Дашмир Елези е меѓу најголемите таленти во светот од новата генерација!