Савевски: Промашивме многу зицери и пенали, но одигравме добар меч

196

Македонија одигра достоен меч со Црна Гора во првото коло од ЕХФ Евро Купот иако на крајот гостинките си заминаа и со висока и убедлива победа. По мечот, селекторот Љупчо Савевски со свој осврт на мечот.

„Георгиевска се потроши, и моравме да играме со помладите. Промашивме многу напади, промашивме многу зицери, пенали, и кога требаше да ги стигнеме, да направиме резултатска неизвесност, примивме 3-4 брзи гола и тоа беше тоа. Евидентно е дека со младите, во овој момент, не можеме да им парираме. Првото полувреме беше добро, имаше малку голови, се држевме некако. Сепак, треба многу да се работи. Мора да стигнат малите и да пополнуваме ростер. Сепак, имавме и многу повредени ракометарки, но тоа е тоа што го имавме денеска“, вели Савевски.

Вториот меч со Црногорките не чека веќе в недела на гостински терен.

ПретходноРакометарките поразени од Црна Гора
СледноЦ. Звезда го „стресе“ Тел Авив, ПАО подобар од Фенербахче