Херта им се налути на невакцинираните играчи: Сами да си плаќате ПЦР тестови!

151

Бундеслигашот Херта од Берлин им нареди на фудбалерите и стручните лица кои одбиваат да се вакцинираат во иднина сами да си ги плаќаат тестовите за Ковид-19. Потпаролот на берлинскиот клуб изјави дека секој во клубот кој не сака да се вакцинира тогаш ќе мора да прикаже негативен ПЦР тест кој сам ќе си го плати и изнесува околу 70 евра.

Според ДФЛ (Германската фудбалска лига), фудбалерите мора да прават ПЦР тестови два пати неделно. Спортскиот директор Фреди Бобиќ за „Билд“ изјави дека 90% од фудбалерите и стручниот штаб се вакцинирани.

Општо во Бундес лигата 82% од фудбалерите се вакцинирани. Херта оваа година два пати беше принудена да испраќа фудбалери во карантин. Тоа ги поремети и подготовките, но и плановите за натпреварите. Клубот има лош старт на сезоната, пет порази во првите седум кола.

ПретходноВреме е за прва победа во квалификациите
СледноТурнирот го стартуваме против Полска