Кошаркарите на Црвена Звезда го совладаа тимот на Макаби со 75:61 во 2. коло од Евролигата и тоа на гости во Тел Авив. Екипата на Дејан Радоњиќ направи големо изненадување против традиционално незгодниот противник, со одлична партија во вториот дел од мечот.
Клучен играч за белграѓани вечерва беше поранешниот играч на Макаби, Нејт Волтерс со 17 поени, меѓу кои две врзани клучни тројки во третиот дел кога Ц. Звезда дојде до максимални +21.
Панатинаикос успеа да го добие мечот дома против Фенербачхе со 91:87 по одличната партија на Недовиќ кој запиша 20 поени. Претходно руски Зенит обезбеди и втора победа сезонава, овој пат совладувајќи го на гости Жалгирис со 70:64.