Алушовски носи ракометар на Вардар на Исланд!

691

Стевче Алушовски, екс стратегот на РК Вардар а сега тренер на екипата на Тор од Исланд, успеа да го донесе во својот тим ракометарот на Вардар, Томи Јагуриновски. Тој таму оди директно на барање на Алушовски.

Јагуриновски може да игра на неколку позиции во тимот. Станува збор за некогашен младински ракометен репрезентативец и секако дека Алушовски во него гледа ракометар кој и тоа како ќе и помогне на неговата екипа.

Јагуриновски и Алушовски добро соработуваа во Вардар, се очекува добрата соработка да продолжи и на Исланд.

ПретходноПознати се сите детали за настапот на Е.Пелистер во Лига Европа
СледноУ-21: Србија со пресврт до убедлив триумф кај Ерменија!