Босанките во Скопје ќе доѓаат со МВП-то на ВНБА лигата

147

Селекторот на женската репрезентација на Босна и Херцеговина, Горан Лојо го објави поширокиот список на играчи на кои смета за претстојните натпревари во квалификациите за Европското првенство кое во 2023 година ќе се игра во Словенија и во Израел.

Во составот ќе ја нема Мелиса Брчаниновиќ, но затоа пак противникот на македонската женска репрезентација ќе смета на Џонкуел Џонс. Станува збор за кошаркарка која беше избрана за МВП на регуларниот дел од ВНБА лигата.

Македонија и Босна силите ќе ги одмерат на 14. ноември во Скопје, претходно нашите девојки ќе се сретнат со Германија на гостински терен.

Милица Деура (Келтерн, Германија), Марица Гајиќ (Фламес Кароло, Франција), Џонкуел Џонс (Екатеринбург, Русија), Анџела Делиќ (Берое, Бугарија), Николина Џебо (Плеј-Оф), Николина Бабиќ (Прометеј, Украина), Миљана Џомбета (Сату Маре, Романија), Николина Делиќ (Јежица, Словенија), Драгана Домузин (Хернер,Германија), Матеа Тавиќ (Келтерн, Германија), Сара Хељиќ (Вашаш, Унгарија), Хана Халиловиќ (Хогсбо, Шведска), Анџела Глигиќ (Партизан, Србија), Милина Мишељиќ (Црвена звезда, Србија), Коутнес Хурт (Хорзов, Полска), Азра Никшиќ (Плеј-Оф), Ајла Селимовиќ (Челик-Зеница), Јована Марковиќ (Будуќност, Црна Гора), Неџла Ковачевиќ (Патерна, Шпанија), Горана Марјановиќ (Партизан, Србија) и Драгана Зубац (Хатај, Турција).

ПретходноМилан сака играч на Барселона кој седи на трибини
СледноЛошо…. губиме од Фарски острови на полувреме (ВИДЕО)