Голем бод на У-17 против Полска!

339

Добра игра и добар резултат на нашата млада репрезентација до 17 години на првиот меч од квалификацискиот турнир кој се одржува во Р. Ирска. Момците на селекторот Тони Јакимовски попладнево одиграа 0:0 против фавориизираната селекција на Полска.

Нашите момци имаа шанси преку Назифи во 44.минута, а во истата минута не беше покажан пенал за нас, откако еден играч на Полска играше со рака. Во 72. и 75.минута исто имавме можности за гол преку Таири и одново Назифи.

Секако дека вој резултат, овој бод треба да биде потстрек за нашите млади момчиња кои во групата наредниот меч го играат против соодветната селекција на Р. Ирска, инаку домаќин на овој турнир, потоа играме и со Андора.

Да кажеме дека во следната фаза одат првите две селекции.

ПретходноИ Македонија удри во „фарскиот“ бетон (ВИДЕО)
СледноМартин Штокласа: Ќе биде многу тешко да се победи Македонија!