Борусија Дортмунд сака да го задржи Ерлинг Халанд и за наредната сезона, пренесува новинарот на „Билд“ Кристијан Фалк. Дортмунд планира да му даде нов договор на норвешкиот голгетер со многу повисока плата, речиси двојно од онаа што ја зема сега.
Ако Халанд остане клубот за наредната сезона ќе му ја зголеми платата од 8 милиони на 15 милиони евра.
Халанд е цел на многу богати клубови меѓу кои Манчестер Сити, Ливерпул, но најзагреан е Реал Мадрид. Сепак, Борусија прави напори тој да остане на „Сигнал Идуна Парк“.
Халанд е роден во Лидс, но има норвешки „корени“. Тој дојде во Борусија во 2020 година од Салцбург за 20 милиони евра. Има договор со „милионерите“ до јуни 2024 година. Во досегашниот дел од сезоната во Бундес лигата постигна 7 гола на 5 натпревари.