Познато е дека поради Локалните Избори 2021, целото 10.коло во ПМФЛ се помести за еден ден. Па така нашите прволигашки своите мечеви место на 17 октомври (недела) ќе ги играат ден порано, во сабота.
Нова информација е дека дуелот од ова коло, меѓу Работнички и Скопје ќе се игра в петок на 15 октомври и тоа со почеток од 14 часот на Националната Арена “Тодор Проески“.
Овој термин е поради фактот од овој меч ќе има директен ТВ пренос на МТВ и Арена Спорт.