Новиот бисер на Барселона Гави дебитираше за Шпанија на мечот со Италија во полуфиналето на Лигата на нациите и испиша историја како најмлад фудбалер кој ги бранел боите на шпанскиот национален фудбалски тим со 17 години и 62 дена.
Луис Енрике како селектор кој му даде шанса за историја не штедеше комплименти за Гави, за кого вели дека е сегашноста на шпанската селекција без оглед на возраста.
„ Бев убеден во квалитетите на Гави, но ненормално е како одигра. Вистинско уживање е да се гледа. Има карактер, фантастични физички предиспозиции за нашиот стил на игра.
Бидејќи го знам од младинските категории, знаев што може да ни понуди и што може да ни даде. Ни носи храброст, карактер и максимално залагање. Му реков: „Слушај, ќе мораш да го притиснеш својот идол Верати од почетокот до крајот“. А тој буквално не му даде на Италијанецот да мрдне. Јас верувам дека тој е сегашноста на шпанскиот фудбал, има се за да игра на ова ниво и на оваа возраст“ ,изјави Луис Енрике.
Шпанија во финалето ќе го чека подобриот од дуелот Белгија-Франција кој се игра вечерва.