И Македонија удри во „фарскиот“ бетон (ВИДЕО)

1327

Македонската репрезентација до 21. година не успеа да обезбеди победа навање,  гостувањето кај Фарските острови и одигра само 1:1 во третиот дуел од тековните квалицикации. Не успеавме да ја обезбедиме првата победа, затоа што на првите два меча загубивме од Франција односно одиграме 0:0 со Србија.

И на овој дуел се покажа дека Фарски острови се осклучително тежок ривал, и на нивен терен досега не успеа да победи никој. Ниту Македонија, но ниту Франција која одигра 1:1, ниту Ерменија која загуби со 2:0. Ова за нас не е секако никакво оправдување, затоа што ова гостување секако беше резервирано за победа.

Лошо го стартувавме мечот

Овој меч за нас не можеше да започне полошо. Примивме гол и тоа уште во осмата минута по една лоша реакција во сопствениот шеснаесетник. Корнер ситуација, не расчистивме како што треба топката падна на петерец, а таму најдобро се снајде Јохансен и погоди за 1:0.

Следуваше консолидација на нашите редови, акција преку Ѓорѓиевски кој му асистира на Трајкоски, а овој бие но Молк ја има својата прва интервенција.

Следуваше ударот со глава на Ѓорѓиевски покрај дирекот и тоа се двете наши ситуации во првото полувреме.

Ѓорѓиевски не враќа во резултатски егал

Дека домаќинот на овој меч заслужи да води до 55. Минута тешко дека ќе се сложи некој. Ние имаме иницијатива, диктиравме темпо и тоа ни донесе израмнување. Соло ација на Марко Ѓорѓиевски кој влева во шеснаесетникот шутира и погодува во малата мрежа на домаќинот.

До крајот на мечот ние реално ја имавме иницијативата, посакувавме победа, но исто така реално и не создадовме зицер ситуација за втор гол. Методи Максимов шутираше добро со „пета“ во последните моменти по корнерот на Антовски но играчот задолжен за „прва статива“ одстрани опасност.

Се на се, меч во кој ние посакивавме победа, но поради рано примениот и пред се наивен гол ќе мора да се заодоволиме само со реми. Дали ова е клучниот момент во овие квалификации, и дали ние сега ги губиме објкетивно шансите за висок пласман ќе покаже крајот но секако дека бодови од гостување кај Фарски Острови секому му се потребни и однапред што се вели вкалкулирани.

Фарски Острови  – Македонија 1:1 (1:0)

Стадион на Фарски острови

Гледачи: 1000

Главен судија: Ференц Карако Помошници: Иштван Албер, Герго Вих Тарсони (сите од Унгарија)

Стрелци: Јохансен 8 (ФО) Ѓорѓиевски 55’ (М)

Ж.картони: Менеј (ФО) Адем, Ферати (М)

Фарски О.:Морк, ЈОхансен, Оетерсен, Едмунсон, Скипанес, Гиесиг, Менеј (Орегард 70’), Соренсен, Солхеим (Самуелсен70 ‘), Радосављевиќ,  ЈОхансен (Локин 56’)

Македонија: Денковски, Антовски, Младеновски, Манев, Хајдари (Станковски 72’), Ферати (Тодоровски 46’), Трајкоски (симов 46’), Адем (Гроздановски 85’), Воша, Рустемоски (Тошевски 72’), Ѓорѓиевски

 

 

Претходно“Гардијан“: Дашмир Елези е меѓу најголемите таленти во светот од новата генерација!
СледноГолем бод на У-17 против Полска!