Фудбалскиот спектакл во Торино во второто полуфинале од Лигата на нации заврши со побед ана Франција од 3:2 и пласман во големото финале каде против Шпанија ќе се бори за трофејот во ова УЕФА репрезентативно натпреварување.
Белгија и Франција си поделија по едно полувреме во кое го покажаа сиот свој раскош и квалитет. Белгија тргна моќно и во првиот дел направи фантастична предност од 2:0 со головите на Караско (’37) и Лукаку (’40), па се чинеше дека момците на Мартинез со една нога зачекорија кон неделното финале.
Сепак, второто полувреме донесе една нова Франција на Дешамп. Најпрво Бензема сам си створи шанса за гол и во 62. минута намали на 2.1. Седум минути подоцна прекршок врз Гризман во шеснаесетникот на Куртоа, кој Мбапе го претвора во 2:2.
Вистинска драма ни донесе финишот. Белгија во 87. минута погоди преку Лукаку за водство од 3:2, но судијата по консултација со ВАР го поништи голот поради офсајд. Само три минути подоцна, одлуката падна, но на спротивна страна. Еден отпадок во шеснаесетникот на Белгија стигна до Тео Ернандез, кој биеше од далечина и го погоди аголот од голот на Куртоа за 3:2 и голема радост на „Галските петли“.
Големото финале ќе се одигра в недела од 20.45 часот на „Сан Сиро“ во Милано.