Македомската репрезентација до 21. година на полувреме губи на ФАрските острови со 1:0 во рамките од квалификацискиот дуел кој започна од 15:00 часот.
ИЗбраниците Драган Канатларовски направија грешка во одбраната во осмата минута кога не ја расчистија корнер ситуацијата, па Јохансен ја искористи гужвата во нашиот петерец.
Ние на спротивната страна имавме две ситуации, едната преку Лука Трајкоски кој биеше од линијата на шестаесетникот, но домашниот голман Морк добро интервенираше, а во втората ситуација, Марко Ѓорѓиевски со глава шутираше покрај дирекот.