Магдебург е првиот финалист на Супер Глоб. Попладнево германскиот тим со 32-30 (18-18) успеа да го победи Алорг и сега го чека подобриот од второто полуфинале меѓу Барселона и Пињеирос.
Овој натпревар да кажеме дека го судеа нашите судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов кои уште еднаш покажаа дека се најдобрите судии во светот во моментов.
Инаку се водеше интересна и израмнета битка. Првиот дел заврши со 18-18, а во второто полувреме Магдебург во финишот создаде позитива која беше недостижна за данскиот состав.
Најдобар на мечот беше Дамгард кој успеа да постигне дури 11 голови.