Македонската репрезентација до 17. години на одличен начин го отвори квалификацискиот турнир во Ирска, одигрувајќи 0:0 против еден од фаворитите во групата репрезентацијата на Полска.
Во меч во кој нашиот национален состав предводен од селекторот Тони Јакимовски одигра за секој пофалба, во меч во кој нашите млади момчиња буквално изгинаа на терен, не само што заслуживме бод, туку во последните моменти од мечот имасме ситуации и за постигнување на гол и освојување на полн плен.
„Одигравме супер меч. Се боревме во текот на сите деведесет минути, не го преценивме противникот, одигравме фајтерски, мотивирано, и тоа ни се исплатеше. Освоивме огромен бод на стартот на турнирот, покажавме дека сме кадардни да се носиме со сите ривали во групата.
Сега на ред е мечот против домаќинот Ирска и ветувам и јас и моите репрезентативни другари дека ќе дадеме се од себе повторно да обезбедиме поволен резултат, а зошто не и победа“ – вели нашиот капитен Мартин Ѓоргиевски.
Мечот против Ирска го играме на 10. октомври со почеток во 20:00 часот.