Милан сака играч на Барселона кој седи на трибини

535

Алекс Коладо на последниот ден од преодниот рок требаше да направи трансфер во Шефилд Јунајтед. Барселона планираше да го прати на позајмица, но во последен момент поради одредени документи овој трансфер не се случи, а 22-годишниот фудбалер се најде во тешка ситуација.

Каталонскиот гигант не успеа да го пријави ниту за првиот, ниту за вториот тим, па првиот дел од сезоната ќе мора да го мине на трибините.

Најновите информации за овој играч велат дека за него е заинтересиран Милан.

„Контактите веќе се воспоставени и се чека јануарскиот преоден рој, тогаш Милан ќе испрати официјална понуда. Од него не се откажува ниту Шефилд“, открива Мундо Депортиво.

Коладо беше капитен на Барселона Б тимот, тој е разочаран што мора да ја мина првата половина од сезоната на трибини, особено во период кога голем број негови помлади соиграчи играат за првиот тим.

Тој за каталонскиот гигант дебитираше 2019 против Селта, има договор до 2023 година, неговата цена изнесува пет милиони евра.

ФОТО: Alex Collado/twitter

ПретходноЛИНК за Фарски Острови – Македонија
СледноБосанките во Скопје ќе доѓаат со МВП-то на ВНБА лигата