Милевски: Да ја оправдаме фаворитската улога против Лихтенштајн!

102

Нашата фудбалска репрезентација, утре во Вадуц го игра својот меч од квалификациите за СП во Катар 2022. Ова ќе биде седми меч за “рисовите“, а четврти за селекторот Благоја Милевски кој уште ја чека својата прва победа.

Во пресрет на овој дуел, селекторот Милевски на пресот истакна:

Не бегаме од фаворитската улога на мечот со Лихтенштајн. Од она што го видов досега на тренинзите, јас сум уверен дека истата ќе ја оправдаме. Не чувстуваме притисок, секако дека ќе бидам задоволен само со победа. Сепак за да стигнеме до нејзе ќе мораме да имаме максимална концентрација и да вложиме максимален труд. Треба да бидеме на најдоброто ниво. Лихтенштајн на последните мечеви покажа дека се работи за цврста репрезентација“ потенцираше нашиот селектор.

Тој на пресот истакна дека нема да се базира на традицијата.

Не, овој меч ќе биде различен од останатите. Нема да се базираме на традицијата и статистиката. Исто да кажам дека утрешниот меч нема да биде формалност. Секако дека ќе недостига Барди, а дали Ракип ќе биде во составот ќе одлучиме пред натпреварот. Има неколку играчи со ситни повреди, па затоа кој ќе биде стартер ќе видиме како што реков пред самиот натпревар“ заврши Милевски.

ПретходноШкендија на мини подготовки во Охрид, закажан “тест“ со Партизани Тирана!
СледноСтефан Спировски: Ако го дадеме максимумот може да очекуваме победа!