Првакот после година и пол ќе игра пред верните „Фемили“

183

По поразот од Пелистер во дербито на првото коло во новата прволигашка сезона, МЗТ Скопје два дена порано до предвидениот меч ќе се сретне со Кожув во рамките на втората рунда.

Актуелниот бранител на титулата ќе го одигра првиот натпревар на домашен терен пред публика, што пак треба да биде доволен мотив за да се запише првата победа оваа сезона.

На оваа средба тренерот Дарко Радуловиќ во составот ќе ги има Крстевски, Мекиќ и Рикиќ, кои поради повреда не настапија против битолчани, но истите се враќаат во ритам, не станува збор за ништо сериозно. Останува предводникот на МЗТ Скопје да одлучи дали ќе има потреба од нив или ќе се штедат за првиот АБА 2 турнир во Златибор.

На другата страна и Кожув ќе ја бара првата победа оваа сезона по убедливиот пораз од ТФТ на домашен терен.

Дуелот меѓу МЗТ Скопје и Кожув е закажан со почеток во 18 часот.

ПретходноПромени во составот на Савевски за мечот со Црна Гора
СледноМладите генерации „заглавени“ во државните лавиринти: Да за минитинзите, не за лигите!