Промени во составот на Савевски за мечот со Црна Гора

296

Женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва (20:15 часот) во салата „Борис Трајковски“ ја пречекува Црна Гора во првиот меч од ЕХФ Купот.

Предводникот на нашиот најдобар национален состав, Љубомир Савевски го одреди списокот на истиот се најдоа шест дебитантки, кои доаѓаат од кадетската и младинската селекција.

Станува збор за Ива Младеновска која беше МВП на ЕХФ шампионатот во Литванија, како и Емилијана Ризоска, Марија Јовановска, Бојана Коцева, Сара Миновска и Теодора Дукоска.

Савевски почнува да го создава новиот изглед на оваа репрезентација, младите заедно со поискусните ракометарки очекува да го дада посакуваниот напредок.

ПретходноБелгија – Франција за место во финалето на ЛН
СледноПрвакот после година и пол ќе игра пред верните „Фемили“