Македонија одигра достоен меч со Црна Гора во првото коло од ЕХФ Евро Купот иако на крајот гостинките си заминаа и со висока и убедлива победа. По мечот, селекторот Љупчо Савевски со свој осврт на мечот.
„Георгиевска се потроши, и моравме да играме со помладите. Промашивме многу напади, промашивме многу зицери, пенали, и кога требаше да ги стигнеме, да направиме резултатска неизвесност, примивме 3-4 брзи гола и тоа беше тоа. Евидентно е дека со младите, во овој момент, не можеме да им парираме. Првото полувреме беше добро, имаше малку голови, се држевме некако. Сепак, треба многу да се работи. Мора да стигнат малите и да пополнуваме ростер. Сепак, имавме и многу повредени ракометарки, но тоа е тоа што го имавме денеска“, вели Савевски.
Вториот меч со Црногорките не чека веќе в недела на гостински терен.