Стефан Спировски, играчот за врска во нашата репрезентација исто така беше на пресот во пресрет на утрешниот меч со Лихтенштајн кој се игра во Вадуц.
И тој како и селекторот Благоја Милевски смета дека нема да биде лесно, дека треба да се даде максимумот.
“Ние сме фаворити, но и јас ќе кажам дека тоа треба да се покаже на теренот. Ако одиграме како што треба, ако го дадеме максимумот може да очекуваме победа. И овој меч со Лихтенштајн е важен како тој со Германија. Мора да ја играме нашата игра, ако сакаме три бода и победа“ конкретен беше Спировски.
Познато е дека во септемврискиот циклус, Македонија одигра три меча, и на сите три ремизираше, иако реално одигравме квалитетен фудбал.
“Па, немавме среќа на тие мечеви. Создадовме повеќе шанси, но ете, таа среќа не беше со нас. Сметам дека можевме да освоиме барем четири бода повеќе“ заврши Стефан Спировски.