Тргнуваме со Рустемоски, Ѓорѓиевски и Трајкоски во нападот

575

Познат е составот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, со кој што во 15 часот ќе настапиме на квалификацискиот меч против Фарски Острови на гостински терен.

Селекторот, Драган Канатларовски се одлучуи за дебитантот, Амел Рустемоски во нападот, а друштво ќе му прават и стандардниот Марко Ѓорѓиевски, како и Лука Трајкоски и Арби Воша.

Во составот се враќа и Адријан Хајдари, кој не беше достапен во претходните два квалификциски меч.

По два меча во квалификациите за ЕП 2023 има еден бод, против Србија домашен терен, и пораз на Франција на гости.

СТАРТЕН СОСТАВ МАКЕДОНИЈА: Давид Денковски, Адриан Хајдари, Филип Антовски, Марио Младеновски, Јован Манев, Бесник Ферати, Арби Воса, Адем Али, Марко Ѓорѓиевски, Амел Рустемоски, Лука Трајковски.

ПретходноТурнирот го стартуваме против Полска
СледноМагдевски собира признанија во Романија