Во вториот меч од нашата група за пласман на ЕП 2023, за селекции до 21.година, селекцијата на Србија на гости кај Ерменија победи со 4:1. Ова се многу важни три бода за селекцијата на нашиот северен сосед.
Домашната селекција поведе во 36.минута со голот на Мирзоја, за да потоа следуваше канонада на гостите за конечни 4:1. Ераковиќ, Терзиќ, Тедиќ и Гавриќ беа стрелците. Утре во Брест, домашната селекција на Франција ја дочекува Украина.
Засега табелата изгледа вака: Украина 6, Ф. Острови 5, Франција 4, Србија 4, Ерменија 3, Македонија 2 бода.