Шкендија на мини подготовки во Охрид, закажан “тест“ со Партизани Тирана!

293

И тоа како работна ќе биде оваа двонеделна пауза за фудбалерите на Шкендија. Имено стратегот Бруно Акраповиќ одлучи да ги однесе своите фудбалери во Охрид на мини – подготовки. Шкендија од вчера е во нашиот најголем туристички центар, а ќе се тренира покрај езерото се до понеделник.

Да кажеме и тоа дека во овој период ќе се одигра и најмалку една пријателска средба. За во недела во Поградец, закажан е дуелот со Партизани Тирана, еден од најдобрите клубови во Албанија. Во тој клуб помошник тренер е Артим Положани, екс капитен на Шкендија, потоа фудбалери се некогашниите играчи на тетовци Стенио Жуниор и Егзон Белица, како и Александар Дамчевски и Филип Глигоров, а до пред извесно време таму играше и Ферхан Хасани.

ПретходноУ-21: Србија со пресврт до убедлив триумф кај Ерменија!
СледноМилевски: Да ја оправдаме фаворитската улога против Лихтенштајн!