Репрезентацијата на Шпанија синоќа на „Сан Сиро“ ја совлада Италија со 2:1 во полуфиналето на ЛН, а двата гола за „фуријата“ ги постигна 21-годишниот Феран Торес, фудбалерот на Манчестер Сити.
На водителката на РАИ очигледно не и кажале дека има Феран Торес не е исто со Фернандо Торес. Таа во својот извештај кажа дека Шпанија ја победи Италија со два гола на Фернандо Торес, некогашниот голгетер на „фуријата“ кој не игра за националниот тим од 2014 година, а се пензионира пред три години!
AGGIORNAMENTO: Niño per sempre – Fernando Torres pic.twitter.com/u3cdqxmsEB
— Michele Fusco (@mike_fusco) October 6, 2021