Макерадонската репрезентација до 21. година денеска на Фарските острови во рамките од рековните квалифиакции го игра третиот натпревар од кампањата, а ќе ја бараме првата победа под водство на селекторот Драган Канатларовски.
По стартниот порад од Франција, 3:0, односно ремито без голови против Србија на домашен терен, сега ние против реално аутсајдерот во групата го бараме првиот полн плен. Имаме проблеми всо составот, ги немаме стандардните Агон Елези, Енис Фазлагиќ, Метју Божиновски, Стефан Чолаковски, но тука се некои други момци, кои веруваме дека ќе го покажат токму денеска својот полн репрезентативен капацитет.
„Секако дека сме мотивирани токму на овој меч да покажеме дека сме способни да ги добиваме ваквкиот тип на натпревари каде објективно сме фаворити. Не потценуваме никого, знаеме колку беше тешко да се победи тука и последниот пат кога се гостуваше на Фарските острови, и токму затоа ние денеска ќе дадеме се од себе“ – велат нашите репрезентативци.
Натпреварот започнува од 15:00 часот.