“Гардијан“: Дашмир Елези е меѓу најголемите таленти во светот од новата генерација!

2073

Добра вест за Шкендија, а посебно за нејзиниот и наш мега – талент, Дашмир Елези. Имено како што денеска пишува познатиот “Гардијан“, тој е меѓу 60-те најголеми таленти во светот од новата генерација.

Ова е изборот на еден од најпознати весници и не само на Островот. Во образложението стои дека Дашмир Елези има само 16 години, добро се снаоѓа во шшицот, но дека уште подобро на крилната позиција. Потоа се наведуваат уште некои карактеристики за нашиот младински репрезентативец кој следниот месец ќе наполни 17 години.

Да потсетиме дека Дашмир Елези е најмладиот фудбалер кој што играл во историјата на ПМФЛ, и тоа со 16 години и еден ден. Интересно, тој во своето деби лани успеа и да постигне и гол.

Се наведува од “Гардијан“ дека Елези има можност за уште поголем напредок во својата игра.

ПретходноРекордерот на Ла Лига открива: Моите родители боси ја минаа Сахара за да стигнат во Шпанија
СледноИ Македонија удри во „фарскиот“ бетон (ВИДЕО)