Евертон, Севиља и Милан се заинтересирани за фудбалерот на Реал Мадрид, но се чини дека италијанскиот клуб е поблиску до него во јануарскиот преоден рок, пренесува шпански „Todo FIchajes“. Иско не сакал да игра под „палката“ на Рафа Бенитез во Евертон, а кариерата да ја продолжи во Шпанија исто така не било во плановите на фудбалерот. Па Милан е реална опција со оглед на тоа дека клубот е во подем, се крева по неколкугодишна легаргија, се врати во ЛШ по седум години и пополека станува фактор во Серија А.
Договорот на Иско со Реал истекува во јуни 2022 година, а „Кралевите“ се спремни да го пуштат во јануари и да заработат пари. Неговата цена според „трансфермаркт“ изнесува околу 18 милиони евра.