Во меч од 2.коло во нашата најквалитетна кошаркарска лига, екипата на МЗТ Скопје убедливо, со 89-71 (20-17, 29-15, 17-17, 23-22), да го победи Кожув. Ова беше прва победа на шампионот во новата сезона, а втор пораз за Кожув.
Во текот на целиот меч тимот од Аеродром успеваше да ја задржи контролата во своите раце. Сепак се чини за овој триумф најмногу придонесе втората четвртина, која МЗТ Скопје ја доби со 14 поени разлика, и тука се направи таа предност по која гостите беа немоќни, без разлика што во последните две четвртини држеа реаултатски егал.
Кај победничкиот состав најпрецизен, со 14 поени беше Дејвис, додека бадијала беа 29-те поени на Николовски кај поразениот тим.