Новиот газда на Њукасл тргнува во поход: Кои се потенцијалните засилувања за „страчките“ веќе во јануари?

4019

Шпанската „Марка“ веднаш по веста дека саудискиот принц и прв човек до кралот во Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман е нов сопственик на Њукасл, почна да составува листа на потенцијални засилувања за клубот уште овој јануари. Богатиот сопственик во никој случај нема да дозволи Њукасл да се бори за опстанок, па ќе се обиде со доведување на неколку реални квалитетни засилувања да го испрати клубот најмалку до златната средина на табелата.

Според весникот, прв на листата на потенцијални нови засилувања за Њукасл е голманот на Ајакс, Андре Онана. По него, новите сопственици ќе се обидат да ги купат и последниот играч за врска на Олимпик Марсеј, Бубакар Камара, но и стоперот на Барнли, Џејмс Тарковски, кого би можеле да го добијат и бесплатно, ако го чекаат до крајот на сезоната.

„Марка“ споменува дека Серхи Роберто од Барселона, исто така, може да биде добра опција за Њукасл, како и Франк Кесие од Милан, кој може да ги напушти „росонерите“ на крајот од сезоната.

Во напаѓачкиот дел се споменуваат имињата на Усман Дембеле од Барселона и Александре Лаказет од Арсенал.

ПретходноКаков спектакл: Франција се врати од 0:2 до победа од 3:2 за финале во Лигата на нации (ВИДЕО)
СледноНикој како Мбапе: 50 меча за Франција со неполни 23 години!