Македонсата репрезентација до 17. години на чело со селекторот Тони Јакимовски, денеска го започнува квалификацискиот турнир кој годинава се игра во Република Ирска.
Ние отвораме со дуел против селекцијата на Полска, во меч кој се игра од 15:00 часот, а потоа ни следуваат и мечеви против репрезентациите на домаќинот Ирска односно селекцијата на Андора.
„Претходните контролни турнири и пријателски натпревари ни помогнаа многу да ја подобриме нашата игра и да ја зголемиме самодовербата. Во Република Ирска не очекуваат тешки натпревари, играме против квалитетни репрезентации. Веруваме во нашите можности, можеме да се носиме со сите селекции во групата.
Првиот дуел со Полска ќе биде клучен за нас, знаеме како да одиграме против нив, имаме издвојувано победа на последната меѓусебна пресметка. Мал проблем претставува отсуството на напаѓачот Алекс Митров, фудбалерот не доби дозвола од клубот Јанг Бојс. На негово место е повикан Леин Таири од германски Шалке. Поседуваме квалитет и потенцијал, тоа сакаме да го докажеме на овие натпревари“ – изјави селекторот Тони Јакимовски.