Фудбалер на премиерлигашот Брајтон е уапсен поради сомнеж дека сексуално нападнал жена, јавуваат британските медиуми. Тој бил уапсен во ноќен клуб во Брајтон, а жената која тврди дека била нападната добила полициска заштита и потебна помош.
Полицијата не го соопшти името на насилникот, но затоа медиумите експресно го открија идентитетот. Се работи за халфот на Брајтон Ив Бисума, репрезентативецот на Мали. Притоа во јавноста „исплива“ и видео од Бисума со лисици на рацете заедно со уште еден маж на околу 40 години кој исто така бил уапсен.