Одложен летот на У21 селекцијата, во Скопје дури денеска попладне

357

Македонската репрезентација до 21. година вчера го одигра третиот меч од тековните квалификации на Фарските острови каде што одигравме 1:1 и освоивме бод. Сега на ред е мечот против Ерменија, исто така на гостински терен каде што ќе ја бараме првара победа под водство на селекторот Драган Канатларовски.

Нашата експедиција требаше да се врати доцна синоќа во Скопје, но поради лоши временски услови на ФАрските острови, летот беше одложен за денеска.
Па така, младата репрезентација дури денеска попладне ќе се врати во Скопје, а в понеделник заминува за Ерменија, каде на 12 октомври го играме мечот против домашната репрезентација.

 

ПретходноЛапорта: Камп Ноу ќе го промени своето име!
СледноКристијано Роналдо е играч на месец септември во Премиер лигата