Лионел Меси е еден од најдобрите фудбалери во светот. Аргентинската ѕвезда има голема вредност на пазарот, а за тоа говори и цената на неговиот автограм.
Компанијата „Goldin Auctions“ го стави на аукција првиот потпис на Меси кој датира од 1995 година. Станува збор за потпис на членска картица од Newell’s Old Boysa.
Почетната цена е 10.000 долари, но таа сума веќе е надмината, заинтересиран клиент понудил 36.000 долари. Со оглед на тоа дека аукцијата ќе трае до 23. октомври, за очекување е потписот на Меси да биде продаден за голема сума на пари.
Меси од оваа сезона го носи дресот на ПСЖ, втор тим во неговата кариера после Барселона. Аргентинецот е вистински магнет за пари, се што е поврзано со него, лесно се продава.