Халанд ќе потпише за „Пума“ за 25 милиони евра!

223

Ерлинг Халанд, заедно со Килијан Мбапе најпосакуваниот фубалер во моментов, најверојатно ќе има спонзор. Тоа е познатиот спортски бренд “Пума“, бредн кој му нуди на Норвежанецот и играч на Борусија Дортмунд 25 милиони евра за пет години.

Халанд во моментов е “врзан“ за “Најк“, но тој договор му истекува на крајот од годината, па се очекува тој да се “пресели“ во редовите на „Пума“.

Засега таму се и Пеп Гвардиола, Серхио Агуеро, Нејмар, Антоан Гризман…

ПретходноБујар Ислами е нов тренер на Беса!
СледноПознат составот: Македонија во 4-4-2 со Чурлинов и Милан Ристовски во шпицот, тука е и Адеми!