Македонија го зголеми водството против Лихтенштајн во Вадуц. Во 66. минута Езџан Алиоски го совлада голманот на Лихтенштајн од пенал за предност на Македонија од 2:0. Претходно, за ударот од белата точка се избори Аријан Адеми откако прв стигна до топката, а противничкиот дефанзивец го фаулираше.