„Бомба“ во најава: Милан Мандариќ му “фрли око“ на Вардар!

14949

Бомба“ во најава. Како што дознава „Спортмедиа“, Милан Мандариќ, славниот тајкун кој пред неколку денови ја продаде Олимпија за 5 милиони евра, му “фрлил око“ на Вардар. Не треба да се трошат зборови за тоа кој е Милан Мандариќ на овие простори. Роден во Госпиќ – Хрватска, а се изјаснува како српско – американски бизнисмен, Мандариќ има и тоа како познато фудбалско минато. Имено Мандариќ до пред извесно време беше прв човек на Порстмут, потоа имаше акции и во неколку други клубови од Премиер – лигата. Своето влијание го имаше и во САД, исто и во Белгија и Италија.

Фактот дека токму Мандариќ се заинтересирал за можно купување на Вардар е голема работа. Дознаваме дека од негова страна имало контакти со поранешното раководство на Вардар, ама засега се во доменот на интересот.

Инаку факт е дека Вардар е во проблеми, пред се финансиски, па и резултатски. Вардар на почетокот од сезоната во ВМФЛ – ЗАПАД тешко се снаоѓа во ова друштво. Новото раководство и тоа како има проблеми.

Во секој случај човек како Мандариќ на чело на Вардар ќе биде голема работа, пред се за нашиот најтрофеен клуб.

ФОТО: Twitter

ПретходноВо пламен стадионот каде што треба да игра Англија!
СледноБујар Ислами е нов тренер на Беса!