Бујар Ислами е нов тренер на Беса!

445

По оставката на Менсур Јакупи, раководството на Беса, инаку член на ВМФЛ – ЗАПАД, брзо реагираше и донесе познато и квалитетно тренерско име. Тоа е Бујар Ислами, кој до пред некој месец беше успешен стратег на Ренова, со оваа екипа настапи минатото лето во квалификациите на Лигата на Европа. Убаво се сеќаваме дека малку недостигаше да го елиминира славниот Хајдук и да се пласира во 3,.квалификациско коло.

Спортскиот директор на Беса, Висар Бафтиу, во изјава за „Спортмедиа“ истакна.

Можам слободно да кажам дека сме ангажирале познато и признато тренерско име. Ислами важи за тренер кој има големо искуство во Првата лига. Од мое име и од името на целото раководство му посакуваме на Ислами многу успех и многу среќа. Ние како раководство во целост ќе го подржиме, се со цел Беса како еден од најамбициозните клубови во ВМФЛ – ЗАПАД да има успеси“ истакна Бафтиу.

Се разбира дека ова е добра вест за Беса. Бујар Ислами со своите тренерски квалитети повеќе од сигурно е дека ќе успее да ја подигне екипата и да се вмеша во битката за горниот дел на табелата.

Претходно„Бомба“ во најава: Милан Мандариќ му “фрли око“ на Вардар!
СледноХаланд ќе потпише за „Пума“ за 25 милиони евра!